Сос за сите видови месо и риба

Кога ви е потребен освежувачки сос за со јадењата со месо, направете го по овој рецепт, нема да погрешите, а ќе го подобрите вкусот на оброкот.
Потребно
6 лажички мајонез
6 лажички павлака
2 чешниња лук
3 кисели краставички
Магдонос, сол и бибер
Подготовка
Измешајте ги мајонезот и павлаката во еден сад. Додадете ги изренданите кисели краставички и свежиот магдоос. Потоа измешајте ги истолчените чешниња лук и измешајте. Зачинете со сол и бибер, а може да додадете и малку сенф.
Овој сос е идеален и за скара, за печено месо, за поховано месо, пилешко, риба, како и за морски плодови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.