Сос од тиквички

2 шолји варени тиквички
2 чешниња лук
1/2 шолја ситно сечкан магдонос
1 шолја јогурт или кисело млеко
1/2 кафена шолја таан
сок од 1/2 лимон
маслиново масло
сол
Тиквичките се лупат, се сечат на коцки и се варат во солена вода. Може да се употреби и средината од тиквичките што се длабат за полнење.
Се цедат тиквичките и убаво се притискаат за да излезе целата вода од нив. Потоа се гмечат со виљушка.
Лукот се толчи со сол и се додаваат другите состојки. Се убаво се меша. Ова се додава на тиквичките и пак убаво се промешува. Се сервира во чинија и одозгора може да се попрска маслиново масло.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.