Вестта за разводот на актерката Софија Вергара и Џо Манганиело минатата година ги шокираше нивните обожаватели ширум светот, а колумбиската актерка сега во интервју за шпански „Ел Паис“ ја откри вистинската причина за неочекуваниот крај на љубовта.

– Бракот ми се распадна затоа што Џо беше помлад од мене и сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебето. Почитувам кој и да го прави тоа, но тоа веќе не е за мене. Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка – изјавила таа.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАНСоединетите Американски Држави наводно се подготвени да прифатат четири од…
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изврши увид во работните…
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за УкраинаРазговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир…
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евраСметката на компанијата „JK Entertainment“ на пејачката Јелена Карлеуша е…
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будниЗарем не е очигледно дека почна да се чувствува глобалното…
За потсетување, Софија Вергара и Џо минатата година објавија дека се разведуваат по седум години брак , пишува Page Six.
– Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека преминуваме во оваа нова фаза од нашиот живот – се наведува во заедничката изјава за медиумите.
Актерот со хрватско потекло ја запроси ѕвездата на „Модерно семејство“ на Бадник во 2014 година на Хаваи за време на зајдисонце. Поминаа шест месеци откако почнаа да излегуваат. Тие го кажаа судбоносното „да“ во ноември 2015 година.






