Сочен колач со диња

4 јајца
8 лажици шеќер
4 лажици брашно
4 лажици масло
4 лажици вода
кора од лимон
1 помала диња
Жолчките пенесто се матат со 4 лажици шеќер, и се додаваат маслото, водата, брашното и рендана кора од лимон. Се промешува смесата и се нанесува во намрсена тава. Врз неа се редат парчиња исчистена диња.
Белките се матат со преостанатите 4 лажици шеќер и се нанесуваат на парчињата диња. Колачот се пече 40 минути на 180 степени. Откако ќе се излади се сече на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи: