250 г кори за пита
2 јајца
150 г шеќер
150 мл масло
150 мл кисела павлака
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
150 г кокосово брашно
100 г сечкани ореви
700 г рендани јаболки
200 г маргарин
ЗА ШЕРБЕТ
300 г шеќер
400 мл вода
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги маслото, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, павлаката, кокосовото брашно, оревите и јаболките, и промешајте го филот.
Една кора премачкајте со растопен маргарин, нанесете фил и свиткајте ролат. Наредете ги ролатите во тава и испечете ја питата.
Од водата и шеќерот 15 минути варете го шербетот. Откако ќе се излади прелијте ја питата и исечете ја на парчиња. Доколку не сакате да виткате ролати питата може да биде и редена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.