1 кг исчистен спанаќ
100 г Фета сирење
250 мл кисела павлака
300 г моркови
50 г сечкани ореви
млад кромид
маслиново масло и солСварете ги морковите, спанаќот обарете го и исцедете ги.
Сирењето изгмечете го, и заедно со павлаката и оревите додадете го во садот со изладениот спанаќ и исечканите моркови. Потоа смесата претурете ја во блендер и миксајте додека стане хомогена.
На крајот посолете, и додадете 1 лажица маслиново масло и ситно исечкан млад кромид по вкус.
Пронајдете не на следниве мрежи: