Праските се слатки, вкусни и здрави, сите уживаат во нивниот вкус. Одличен извор се на важни хранливи состојки, најзастапени се витамините А, Ц, Е, К и Б3.
Благодарение на силните антиоксиданси праската може да биде од голема корист за целиот организам.
Одвоивме неколку причини зошто секој ден треба да јадете од ова овошје:
За подобар вид
Богати се со витамин А, којшто е важен за очите и видот. Всушност, тој е антиоксидант којшто ги штити клетките чувствителни на светлина. Праските содржат бета-каротен одговорен за здравјето на очите.
Ја разубавува кожата
Поради витаминот Ц се добри за кожата. Овој силен антиоксиданс ги штити клетките на кожата од слободните радикали. Штити и од предвремено стареење, создавање брчки и ја хидрира кожата.
Го подобруваат имуниот систем
Во денешно време кога сите сме изложени на стрес, лоша исхрана и нездрав стил на живеење, слабиот имунолошки систем не е баш добар избор. Со редовното јадење праски имунитетот нема да падне.
Јадете праски ако сакате да слабеете
Ако изедете една прска од средна големина ќе внесете само 60 калории, а истовремено ќе внесете витамини и хранливи состојки. Заменете ги десертите со праски и резултатите ќе бидат видливи.