На сите оние кои сакаат чоколадо ќе им се допадне овој рецепт за торта – многу е сочен и мек и доволни ви се само 45 минути. Имајте на ум дека тортата може да биде уште повкусна ако ја премачкате со глазура.
Сочни и меки: Рецепт за највкусните чоколадни коцки
Потребни состојки:
350 грама шеќер
240 грама брашно
240 милилитри вода
125 милилитри растително масло
125 милилитри матеница
115 грама путер
100 грама темно чоколадо
3 јајца
3 лажици незасладено какао во прав
1,5 лажички екстракт од ванила
1 лажичка прашок за пециво
½ лажичка сода бикарбона
За глазурата:
400 грама шеќер во прав
115 грама путер
100 милилитри матеница
3 лажици какао во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1.Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
2.Во поголем сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и шеќер и оставете го садот настрана.3.Во посебен сад изматете ги јајцата и измешајте ги со матеницата и екстрактот од ванила.