За прилог ви предлагаме пире од компири или варен ориз и салата од свежа зелка.
Состојки:
5 пилешки батаци или пилешки стек
путер за пржење
За маринадата:
2 чешниња лук
свеж босилек
4 супени лажици маслиново масло
сол, бибер по вкус
2 супени лажици сок од лимон
Подготовка:
Измешајте ги босилекот, лукот, солта, биберот и сокот од лимон. Во сад ставете ги парчињата месо, прелијте ги со маслиновото масло, па со маринадата. Добро измешајте и пржете на путер околу 15 минути на средна температура.