Со вкус на пармезан: Најлесниот рецепт за крцкави компири од рерна

Компирите се непресушна гастрономска инспирација, а можат да се подготват на многу едноставни начини.
Овој рецепт со фантастична комбинација на зачини ќе му даде посебен вкус на компирот и неверојатна структура.
Состојки:
– 4 помали компири;
– 6 лажици путер;
– 3 лажици рендан пармезан;
– лук во прав по желба;
– сол и пипер по желба.
Состојки:
1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени.
2. Стопете го путерот, па прелијте гo плехот во кој ќе ги печете компирите.
3. Зачинте го путерот со пармезанот и лукот во прав.
4. Добро излупете ги и измијте ги компирите. Потоа исечете ги на парчиња, па поставете ги на растопениот путер.
5. Посолете ги и зачинете ги компирите по желба.
6. Ставете ги во рерна да се печат околу 40 до 45 минути, односно додека не заруменат.
7. Оставете да се изладат барем пет минути пред да ги извадите и послужите во чинија.
Пријатно јадење!
Погледнете ја постапката на подготовка во видеото:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.