Откако египетските истражители го испитуваа во неделата со кауција го ослободија водечкиот телевизиски водител и сатиричар Басем Јусуф, обвинет дека го навредил исламот и претседателот Мохамед Морси, што предизвика страв и протести на опозицијата поради здушувањето на слободата на изразувањето.Басем Јусуф кој е водител на сатиричната телевизиска емисија „ Al-Bernameg”, направена според урнекот на „Daily Show” на познатиот американски телевизиски водител Џон Стјуард, ги исмејува египетските политичари, нештедејќи го ниту претседателот на државата, ниту влијателното владејачки Муслиманско братство кое стои зад Морси, се предаде во саботата откако главниот египетски обвинител издаде налог за негово апсење, абеше следниот ден ослободен со кауција од 15 илјади египетски фунти (околу две илјади американски долари), соопштија од канцеларијата на државното обвинителство.Јусуф се прослави со онлајн емисијата по востанието во 2011 година со кое беше соборен претседател Хосни Мубарак, која денес се емитува на египетската телевизија.Тој, покрај другото, беше обвинет дека во неговата телевизиска емисија го навредил исламот „исмејувајќи го обредот на молитвата”, но и претседателот Мохамед Морси, чиј лик го „исмеал во странство” и со тоа го поткопувал неговиот углед, а налогот за апсење бил поднесен на основа на четири тужби од страна на следбеници на претседателот.Јусуф во емисијата носел голема шапка каква што носел Морси која на почетокот од март ја прими во Пакистан почесната титула, а со истата шапкана главата дошол и во канцеларијата на државниот обвинител.Опозицијата стравува од задушување на слободата на израсувањето во постмубараковиот Египет и многу нејзини приврзаници протестираа пред обвинителството.„Станува збор за сѐ посилно стеснување на просторот за критичко изразување“, изјави Хеба Мораџеф од Human rights Watch, а поранешниот прв човек на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), сега лидер на египетската либерална опозиција Мохамед ЕлБарадеи изјави дека така постапуваат само „фашистичките режими“.
МакфаксОткако египетските истражители го испитуваа во неделата со кауција го ослободија водечкиот телевизиски водител и сатир