СО КОЈА БРЗИНА СЕ ВОЗИ НА МРАЗ?

Ниските температури, снегот и мразот можат да создадат опасни услови на патиштата кои бараат повнимателно возење заради осигурување безбедност на сите учесници во сообраќајот. Ваквите неповолни временски услови влијаат врз многу аспекти на возењето, како на пример на времето на сопирање, состојбата на гумите, прегледноста на возењето во автомобил со замрзнати или замаглени стакла (зголемување на „мртвите агли“), возачките способности и сл. Затоа од особена важност е подготовката и на возилото и на возачите за возење во зимски услови.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги упатува следните совети за безбедно возење во зимски услови:
– Користете задолжителна зимска опрема.
– Грижете се за техничката исправност на возилото.
– Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан.
– Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот.
– Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.