Со оваа намирница се штити од болести, а може да си ја дозволи секој – еве што појадува Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ секојдневно консумира целер и тоа во сирова форма.
Ѓоковиќ е човек кој обрнува огромно внимание на својата исхрана и сопственото здравје. Тој важи за спортист кој внимава што и колку јаде, а со години го промовира веганскиот начин на исхрана. Неодамна, тенисерот открил која билка ја користи за појадок.


Во периодот на пандемијата на коронавирусот, Новак секое утро појадувал салата од целер. Појадокот е најважниот оброк во денот, а Ѓоковиќ ништо не препушта на случајот, па оттаму и целерот на неговото мени. Секој ден го започнува со чаша вода со лимон и лимета на празен стомак, а потоа пие свежо цеден сок од стебла од целер.


Станува збор за семеен напиток – го консумира и неговата сопруга Јелена како и двете нивни деца, но тие го припремаат во комбинација со јаболко или краставица за посилен вкус.
Целерот е растение со посебни нутритивни и лековити особини, постои во див и питом облик, а и двата се лековити. Целерот е билка која е позната уште од дамнешни времиња, а во минатото луѓето го одгледувале во зимскиот период и сметале дека го јакне организмот, додека неговите семиња се користеле за олеснување на болка. Денес воглавно се користи како зачин или прилог во бројни јадења, а неговата лековитост е потврдена со разни истражувања

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.