Со оваа природна крема отстранете го целулитот за само неколку дена

Во пресрет на летото, веројатно веќе почнавте да размислувате каде ќе го поминете годишниот одмор, а со тоа и да го подготвувате телото за на плажа.
Секоја дама се соочува со проблемот наречен целулит, но секогаш има решенија за истото доколку сте дисциплинирани, вежбате и барем малку внимавате на исхраната.
Оваа сезона, остранете го целулитот со природни креми што се прават за само неколку минути од состојки што сигурно ги имате дома, а се супер ефикасни.
Секако дека не постои ниту еден козметички производ што целосно може да ви помогне при отстранувањето на целулитот, но секогаш можете да се обидете и барем да го намалите.


Потребни состојки:
– Една шолја кафе
– ¼ шолја кафеав шеќер
– Малку маслиново масло
Ставете ги кафето и шеќерот во стаклена тегла, додајте го маслиновото масло и добро промешајте. Треба да добиете паста со средна густина, па додавајте масло ако е потребно.
Затворената тегла чувајте ја во бањата за да ви биде на дофат секогаш кога се туширате и да одвоите време за масажа со истата. По користење на истата, добро измијте ја кожата со млака вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.