Со ова предјадење Софија Лорен ги излудувала мажите: Се подготвува брзо и лесно, а љубителите на печурки ќе се воодушеват

Посилниот пол никогаш не останува рамнодушен на италијанската актерка, а многумина велат дека љубовта влегува преку уста, па така најголемите заводнички најчесто се добри и во кујната. Пробајте ги прочуените печурки на Софија Лорен кои на своите гости им ги послужувала како предјадење.

1 кг печурки
1/2 шолја лебни трошки
1/2 шолја исечкани сирови шкампи
2 лажички иситнет млад кромид
3 лажички иситнет целер
1/4 лажичка иситнет лук
2 лажички исечкан магдонос
сол и мелен црн пипер
Измијте ги печурките и отстранете им ги рачките.
Измешајте ги лебните трошки, шкампите, лукот, младиот кромид, целерот и магдоносот. По желба може да додадете и доматен сос. Посолете, зачинете со црн пипер и промешајте го филот. Наполнете ги печурките со фил и печете 20 минути на 180 степени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.