Со овој напиток ќе ги исфрлите токсините

Во лето најпотребно ни е освежувањето, а наместо газирани сокови полни со шеќери направите природен сок од грејпфрут, боровинки и друго овошје. Не само што се поздрави, туку можат да помогнат и во слабеењето.
Таканаречените детокс води се решение за топлите денови, зашто не само што го разладуваат телото, туку го чистат и од разни отрови. На обичната вода додадете неколку парчиња лимон, листови од мента и малку ѓумбир и вашиот струк ќе се затекне, а ќе се зајакне и производството на хормонот за среќа. Експертите советуваат дека секој ден треба да се јаде околу 60 отсто протеини, а остатокот треба да бидат јаглехидрати. Секако, со тоа треба да внесувате доволно вода зашто таа најефикасно ги исфрла отровите од организмот. Тие советуваат во текот на денот да се испие најмалку два литра вода.
Со неколку вистински состојки, водата можете да ја направите повкусна, а намирниците кои се додаваат можат да влијаат на губењето килограми.

Грејпфрутот на пример, е одличен зашто содржи нарингин кој постигнува топење на масните наслаги, но содржи и ликопен и витамин А и Ц, кои го зајакнуваат имунитетот. Ваквата вода можете да ја пиете секојдневно, без ограничувања и без страв од какви било нуспојави.
За да ја добиете т.н. „Sassy вода“ во бокал додадете сок од лимон или неколку парчиња лимон, изрендан ѓумбир, неколку листови мента и парчиња свежа краставица.
Патот до витката линија би требало да биде поплочен со боровинки, зашто овие бобинки имаат голема корист за здравјето.
Боровинките се суперхрана која е преполна со антиоксиданси и ги разбиваат масните наслаги во организмот, спречуваат и настанување на нови, а сето тоа е поради полифенолот кој овие бобинки го содржат.
За помал апетит и убав облик на струкот добра е комбинацијата вода, мед и сирење, која се пие наутро и навечер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.