Со огнено оружје извршил кражба во обложувалница во Скопје – кривична за скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ш.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Б.Т.(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

– На 01.12.2023, првопријавениот со закана со огнено оружје извршил разбојништво во спортска обложувалница, при што одзел пари од дневниот промет, а за време на извршување на делото Б.Т. чувал стража, информираа од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: