Со полна брзина влетал во трговски центар во Хамбург, деветмина повредени

Во германскиот град Хамбург автомобил со полна брзина удри во трговски центар, јавуваат локални медиуми. Девет лица се пренесени во болница, пишува “Хамбургер абендблата“. Зградата на трговскиот центар е евакуирана, а полицијата соопшти дека станува збор за незгода. Повозрасен маж во обид да го паркира возилото изгубил контрола и низ излогот влегол во трговскиот центар, наведуваат локалните медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.