Со помош на овие 3 намирници ќе внесувате доволно количина на витамин Е

Витаминот Е е антиоксиданс, а неговото дејство го ослободува организмот од штетното влијание на слободните радикали од надворешната средина, кои ги оштетуваат клетките и можат да придонесат за развој на кардиоваскуларни заболувања и рак.
Витаминот Е има корисен ефект врз изгледот на кожата и го забавува нејзиното стареење. Исто така, има извонредно влијание врз имунолошкиот систем, клеточните функции, а експертите веруваат дека витаминот Е и плодноста се директно поврзани, бидејќи витаминот Е игра важна улога во процесот на созревање на спермата.
Најмногу го има во зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, морска храна и овошје. Бидејќи го немаме во организмот, можеме да го добиеме само преку правилна исхрана која ги вклучува овие намирници.
Храна богата со витамин Е:

  1. Маслинки
    Маслинките имаат две главни компоненти кои помагаат во намалување на брчките и подобрување на здравјето на кожата: витамин Е и олеинска киселина. Витаминот Е во маслинките ја штити кожата од УВ зрачење, со што ја штити од рак на кожата и предвремено стареење.
  2. Семки од сончоглед
    Семките од сончоглед содржат моќни антиоксиданси како витамин Е и селен. Витаминот Е во семките помага во одржување на добра циркулација на крвта, а исто така придонесува за производство на црвени крвни зрнца. Само една четвртина од шолја семки од сончоглед ќе ја компензира целодневната потреба на организмот од овој витамин.
  3. Блитва
    Блитвата е нискокалоричен зеленчук со висока содржина на магнезиум, железо, калиум и витамини Е, А, Ц и К, а овие темнозелени листови се едни од многу хранливи состојки во човечката исхрана. Има многу придобивки за нашето здравје. Исхраната богата со антиоксиданси во блитвата може да ги намали шансите за развој на одредени хронични болести.
    Недоволното количество на витамин Е во крвта може да предизвика нарушувања како што се визуелни нарушувања, болки во мускулите, чувство на општа слабост, но и отежнато одење или координација.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.