СО ПОМОШ НА ОВИЕ 3 ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ, ЌЕ ГО ОТСТРАНИТЕ КАМЕНОТ ОД СЛАВИНИТЕ ЗА ЧАС: Нема подобар трик од овој!

Искусни домаќинки ни ја открија тајната на светкавите славини
Тврдокорниот камен е неизбежен во областите каде што има вода. Многу домаќинки се борат со овој проблем, така што најдовме три начини како да ја отстраниме оваа не толку пријатна глетка, како од шега. Најдобро од сè, тие се сосема природни, нема да бидат потребни никакви хемикалии.
Јаболков оцет
Јаболков оцет е познат како мултифункционален лек во домот. Меѓу другото, совршено го елиминира каменот од славините.
Процесот е многу едноставен: Истурете јаболков оцет во шише со прскалка и испрскајте ја славината. Оставете да ја заврши својата работа неколку минути и потоа избришете ја со сува крпа. Треба да се отстрани целиот камен, но ако останал на неколку места, повторете ја постапката. Бидејќи не е хемикалија, нема да направите никаква штета.
Сода
Освен што се користи за печење колачи, сода бикарбоната е одлична и за чистење. Пастата со сода бикарбона успешно го отстранува каменот и најдобра е за полирање славини од не’рѓосувачки челик, бидејќи тоа нема да ја оштети површината.
Подготовка на паста:
Измешајте неколку лажички сода бикарбона, неколку лажички вода и неколку капки есенцијално масло од чајно дрво. Едноставно нанесете ја пастата на славината и тријте со мала четка додека не се отстрани каменот.
Лимон
Овој цитрус содржи голема количина киселина сам по себе, така што лесно го отстранува каменот. Овој трик е одличен за помалку тврдокорни дамки.
Исечете го лимонот на половина и тријте го на местото каде е каменот додека не исчезне целосно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.