Сѐ што ви треба е зелен чај, цимет и ловоров лист.
Подготовка
Земете 800 ml вода, 1 стапче цимет и 3 ловорови листа.
За почеток, зовријте ја водата, па тргнете од шпорет.
Во водата додадете стапче цимет, 3 ловорови листа и рамна лажица зелен чај.
Покријте и оставете да отстои 15 минути.
Процедете.
Ако сакате да засладите, најдобро е да додадете стевија.
Консумација
Кога станува збор за метаболизмот, важно е да знаете дека најдобро време за негово забрзување е рано наутро, веднаш по будењето.
Првата шолја од овој чај испијте ја на празен стомак.
Можете да испиете уште една шолја веднаш по појадокот.
И третата – навечер, непосредно пред спиење. Доволно е.
Како зелениот чај, кој се препорачува за повеќето диети поради неговите диуретик и детоксикациски својства, ловоровиот лист исто така може да помогне во чистењето на телото.
Чајот од ловор се препорачува за слабеење поради неговото детоксикативно дејство и излачувањето на соли од телото.
Циметот ја претвора гликозата во енергија, а не во масти.
Освен тоа, го намалува нивото на шеќер во крвта и ја зголемува чувствителноста на инсулинот, кој е одговорен за работата на нашиот метаболизам.
Првите резултати од дејството на овој чај се видливи по само 7 дена.
Чајот не смее да се пие повеќе од три недели. Не смеат да го консумираат трудници, доилки и мали деца.