Околу 13,5 милиони луѓе во десет турски провинции се погодени по земјотресите во земјата, како и во соседна Сирија.
И покрај отежнатите услови постојано пристигнуваат информации за спасени преживеани од под урнатините.
Во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на земјотресот, спасено е тригодишно дете. Преживеало 22 часа заробено под рушевините, на студ без храна и вода.