Спасовски: Вања почина од прострелна рана, пронајдени два пиштоли во близина на Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешната изјава во врска со прашањето дали Вања, 14-годишното девојче е удавено или починало од рана од куршум, рече дека се работи за рана од куршум.

Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш, доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени …
Нов скандал го тресе гејмерскиот свет: Илон Маск плаќа професионалци да му играат видео игри?
Додека управуваше со Tesla и SpaceX, надгледувајќи ја работата на платформата X и извршувајќи други важни деловни задачи, Илон Маск најде време да стане еден од најдобрите играчи во двете популарни видео игри – Diablo …

„Точната одлука на обдукцијата ќе ги покаже деталите, но се работи за рана од куршум“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски.

Во однос на тоа дали е пронајдено оружјето со кое е пукано во неа, министерот Спасовски рече дека во Скопје се пронајдени две оружја, кои мора да се проверат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Спасовски потврди и дека полицијата го пронашла мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Вања беше прогласена за исчезната на 27 ноември, додека во неделата на 3 декември нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.