Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот за обид за организирано бегство на затвореници од Казнено поправниот дом Идризово преку копање подземен тунел.

Во КПД Издризово се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето. Тој процес беше започнат и претходно. Сè што спаѓа во тие истражни мерки со цел да се обезбедат докази. Се работи во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал. Меѓу другото треба да се докаже и учеството на вработените во затворските институции во оваа постапка, изјави Спасовски на новинарско прашање по промоцијата на кампања на МВР.

Спасовски: Истражуваме како затвореници можеле да копаат тунел во Идризово и дали има учество од затворските служби

Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеци.Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и да не се наруши безбедноста, рече Спасовски.
Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност.

Секој кој направил кривично дело ќе одговара. Тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста, ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски.
Минатата недела беше откриен тунелот што го ископале затворениците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.