Спасовски: Секој втор ден висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ е во седиштето на ДУИ

Од една страна демек се напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ и „дефакторизираната ДУИ” а од друга страна секој втор ден некој висок претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во седиштето на ДУИ во Мала Речица, тоа не носи резулатат, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.

Во однос на Балансерот Спасовски рече дека тоа не е прашање за СДСМ туку за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

-Тие излегоа и рекоа ние го укинуваме балансерот. Па после им требаше поддршка за Законот за реорганизација, седнаа со „дефакторизираната ДУИ” па рекоа ќе формираме комисија во Собрание, па ДУИ предложи и таа коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го изгласаа. За да чуеме сега од министерот за администрација дека балансерот не се укинува. Тоа зависи од ветувањата односно лагите кои беа кажани пред изборите, рече Спасовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: