Спас за синуси, младиот кромид е одличен против воспаление

Младиот кромид е добар за здравјето, велат нутриционистите.
Токму поради тоа тој треба да се употребува во што поголеми количини. Овој зеленчук е ислучително добар против воспаление.
Воспаление на грло
Исечете го кромидот на парчиња, а можете да додадете и малку изрендан ѓумбир и сол, ставете на крпа и загрејте. Топлата крпа замотајте ја во уште една крпа и ставете на воспаленото место, околу вратот или градите.
Отечени нозе
Младиот кромид варете го неколку минути. Изблендирајте го додека смесата не се претвори во паста. Со пастата намачкајте ги отечените делови.
Растечен нос
Истолчете го кромидот и сокот кој ќе се појави ставете го на парче памук, па на подрачјето на синусите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.