Специјален рецепт за леб за оние што се плашат од јаглехидрати

Лебот не мора да биде направен од брашно!
Потребни состојки:
300 грама посно сирење
100 грама смелени бадеми
100 грама иситнети ленени семки
125 грама овесни снегулки
1 лажичка сол
6 грама прашок за печиво
8 белки од јајце
2 лажици сусам
2 лажици семки од тиква
2 лажици сончогледови семки


Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте ги сите суви состојки, односно бадемите, овесните снегулки, солта, прашокот за печиво и семките. Потоа полека додајте ги белките, па сирењето и повторно измешајте.
Обложете тепсија за печење леб со хартија за печење и истресете ја смесата во неа. Обидете се рамномерно да ја распространите низ тепсијата, па просејте уште малку сусам на врвот и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.
Печете околу 50-60 минути, односно сè додека лебот не добие убава румена боја. Откако ќе се испече, извадете го од тепсијата и ставете го на решетка за ладење. Откако ќе се олади, исечете го на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.