Сонот е една од најважните потреби на човековиот организам, а често сме склони кон нејзино занемарување. Со години, лекарите и истражувачите го испитуваат човечкиот мозок, но никогаш не дале точно објаснување за тоа кои се последиците од недостаток на сон.Без воздух можеме да живееме околу три минути, без вода три дена, а без храна 21 ден. Покрај основната потреба за воздух, вода и храна постои уште нешто што е подеднакво важно за нашиот организам – сон.
Без сон може да живееме 11 дена, а притоа со секој ден без сон се зголемува ризикот од прерана смрт, наведува “USA Today”.
Сонот е една од најважните потреби на човековиот организам, а често сме склони кон нејзино занемарување. Со години, лекарите и истражувачите го испитуваат човечкиот мозок, но никогаш не дале точно објаснување за тоа кои се последиците од недостаток на сон.
Сепак, едно данско истражување од 2013 година пробало да ја открие мистеријата врзана за сонот. Вака функционираат нештата: нашиот мозок се храни со енергија од крвта, а сѐ додека се пумпа крв, мозокот станува „потежок“. Во текот на сонот, одредени делови од мозокот не функционираат и намалената потрошувачка на енергија го намалува оштетувањето на нервите. Крвта од мозокот се повлекува, оставајќи празен простор. Тој процес кој непрекинато се одвива во нашиот мозок го прави сонот важен за нашето здравје.
Кога воопшто не би спиеле, токсините би се таложеле и по 200 часа на крај би нѐ убиле. Во случај на ограничен сон, истите тие токсини нѐ убиваат, но многу побавно. Недостатокот на сон се поврзува со сериозни состојби и заболувања како зголемен ризик од срцев и мозочен удар, главоболки, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест итн.
Затоа лекарите советуваат дека се неопходни минимум седум часа квалитетен ноќен сон за нормално функционирање на организмот во текот на денот, а не 5 или 6 часа колку што и обично спиеме.Без воздух можеме да живееме околу три минути, без вода три дена, а без храна 21 ден. Покрај основната потреба за воздух, вода и храна постои уште