четврток, 12 ноември 2026
Најново

Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски неспорно се организатори на 27 април – според Вилма Русковска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обвинителската Вилма Русковска даде изјава за медиумите по завршување на судењето за настаните од „27 април”. Таа потенцираше дека обвинителниот акт е изменет само во делот на дејствијата на обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Тие измени се направени бидејќи произлегле од одбраната на обвинетите, а се однесуваат на тоа дека ОЈО има неспорни докази дека тие од првиот момент се едни од главните организатори на протестите на „За заедничка Македонија“, а сето тоа за да се оневозможи избор на претседател на Собрание. 

И не ми е јасно зошто одбраната бараше одлагање на завршните зборови. Материјалните докази, СМС пораките беа сите изведени на главната расправа – изјави Русковска.

Поврзани вести