Според Европската агенција за животна средина, Македонија е на врвот на листата на смртни случаи од загадениот воздух

По објавувањето на најновите податоци и проценки за бројот на предвремени смртни случаи од аерозагадувањето што ги направи Европската агенција за животна средина за 2022 година, еколошката организација „О2 Иницијатива“ упати низа критики и забелешки.Низ Европа околу 240.000 смртни случаи се поради изложеност на ситните честички ПМ 2,5, а од нив околу 3.600 се во Македонија. Исто така, во земјава 330 смртни случаи се поради NO2 (азот диоксид), додека 210 поради акутна изложеност на азот.„Македонија е на врвот во Европа по бројот на смртни случаи од изложеност на ПМ2,5, со 303 лица на 100.000 жители загрозени. На второ место е Босна со 258, потоа Косово со 254 и Србија со 228. За споредба, Франција има 48, Германија 55, Данска 31 смртен случај на 100.000 жители во ризик. Имаме 5, 6, 10 пати повеќе смртни случаи од аерозагадувањето со ПМ честички од многу европски земји.Нема конкретни мерки кои ќе ги намалат изворите на загадување на воздухот согласно алармантните бројки. Ниту на централно ниту на локално ниво“, велат од „О2 Иницијатива“, пренесува „Слободен печат“.Екоактивистите посочуваат дека нивните предлози за измени на буџетот во таа насока не се предложени од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, која го разгледа Буџетот за 2025 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: