Според науката, колку би требало да трае совршената прегратка?

Психолози од Универзитетот Голдсмист во Лондон открија клучни аспекти за идеалната прегратка, вклучително и оптималното траење на прегратката.
Открија дека подолгата прегратка, меѓу пет до десет секунди, има попозитивен ефект во споредба со пократката. Исто така, открија дека позиционирањето на рацете, односно дали се прекрстени, околу струкот или над рамената, не е важно.
И додека истражувањата сугерираа дека е подобро да се избегнуваат исклучително кратките прегратки, останува нејасно колку долго е предолго.
Истражувачите велат дека нивната студија е можеби прва која ги испитува факторите кои влијаат на процена на прегратката и влијанието на прегратката врз расположението. Резултатите се објавени во списанието Acta Psychologica.
Учествувале 48 жени поделени во парови и прегратки во време од една, пет или десет секунди во два различни обрасци на прегратка.
Учесниците имале превези на очите за да се избегнат визуелните повратни информации кои влијаат на перцепцијата на допирот. Потоа учесниците известувале за тоа како се чувствуваат поради тие прегратки. Користеле зборови како „пријатно“, „возбудливо“ или „под контрола“, за разлика од непријатно за да го опишат своето расположение по прегратката.
Прекратките и предолгите прегратки немаат позитивен ефект
Научниците откриле дека прегратка од една секунда се смета за помалку пријатна од прегратка од 5 или 10 секунди, а двете имале слични позитивни резултати. Влијанието на положбата ба рацете немало никакво влијаени на учесниците.
Во друг експеримент истражувачите ги набљудувале прегратките меѓу 206 мажи и жени во кампусот Голдсмит и барале од нив да ги оценат на искуство на скала од 0 до 100. И покрај разликите во полот и висината, прегратката со вкрстени раце меѓу двајца луѓе со разлики во висината делува непријатно, стои во извештајот на авторите, пренесе New York Post.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.