Спортска еуфорија во Кавадарци: Тиквеш брка финале во Купот – целиот стадион е распродаден за овој дуел

Денеска на програмата се реванш полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, во Кавадарци Тиквеш го пречекува Шкупи, во Ѓорче Петров Македонија е домаќин на Воска.

Тиквеш и Воска имаат позитивни резултати од првите натпревари и ќе се обидат да испишат историја, првпат да се пласираат во финалето од Купот на Македонија, но за тоа се прашуваат и нивните противници.

Тиквеш успеа да остане непоразен на Чаир, ја сочува својата мрежа, а денеска со поддршка на своите навивачи ќе се обиде да го искористи домашниот терен и да го победи фаворитот.

Воска во Охрид со 2-0 беше подобра од Македонија Ѓорче Петров. Тимот на Захариевски со солидна предност ќе истрча на денешниот меч, но домаќинот видно ја подобри формата по доаѓањето на Грнчаров, па ќе се обиде да ја анулира негативата и да се пласира во уште едно куп финале.

Македонија Ѓорче Петров е актуелен освојувач на купот, тие триумфираа на последните два купа и одат на хет-трик, што ќе биде историски успех во Купот на Македонија за еден тим.

Двата полуфинални натпревари почнуваат од 15 часот.


Пронајдете не на следниве мрежи: