четврток, 12 ноември 2026
Најново

СП2022: Вокер – Не играме против Мбапе, туку против Франција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Репрезентативецот на Англија, Кај Вокер, говорејќи околу претстојниот четвртфинален дуел на Светското првенство против Франција, рече дека Килијан Мбапе веројатно е еден од најдобрите фудбалери во светот, но истакна оти неговиот тим не смее да ги потцени другите француски репрезентативци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Знам што треба да направам – да го спречам. Но, не игра Англија против Мбапе. Англија игра против Франција“, рече Вокер на прес-конференција во Доха.

„Во ред, тој е оружје кое го имаат во својот арсенал, но има и други добри играчи кои не смее да ги потцениме, играчи кои освојувале големи титули“, додаде Вокер.

Дуелот од четвртфиналето меѓу Англија и Франција е на програмата в сабота од 20 часот.