четврток, 12 ноември 2026
Најново

СП2022: Нeјмар вечерва се врати во составот на Бразил и постигна гол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– По пауза од два натпреварa поради повреда, Нејмар се врату во составот на Бразил и вечерва го предводи нападот на Кариоките на осминафиналниот дуел против Јужна Кореја на Светското првенство во Катар.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нејмар го повреди десниот скочен зглоб на натпреварот против Србија во првото коло од групната фаза по што ги пропушти следните два дуелa против Швајцарија и Камерун.

Дуелот меѓу Бразил и Јужна Кореја започна од 20 часот на стадионот „974“ во Доха.

На полувреме Бразил имаше водство од 4:0. Стрелец на првиот гол беше Винициус додека Нејмар го зголеми водството со удар од белата точка. Ричарлисон го постигна третиот гол а Пикета погоди за 4:0.

Победникот од овој натпревар во четвртфиналето ќе игра против Хрватска, која претходно денеска на пенали ја совлада Јапонија.