Србија и Косово во нов круг преговори за институциите на северот

Српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи го започнаа во вторникот попладне во Брисел петтиот круг разговори под покровителство на Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, а главна тема на денешниот состанок е прашањето на паралелните институции на северот на Косово.Прашањето на паралелните структури на северот од поранешната српска покраина Косово и Метохија којашто во 2008 година, точно пред пет години, еднострано прогласи независност од Србија, каде што доминантно е српското население – судовите, даночната управа, полицијата, разузнавачки служби итн, е најтешкото прашање која се разгледува во досегашниот тек од преговорите меѓу Белград и Приштина, па оттаму не се исклучува можноста преговорите во Брисел да бидат продолжени и во среда.Европската унија во заклучоците за проширувањето донесен во декември 2012 година, ги повика Србија и Косово, на косовскиот север да обезбедат структури кои „транспарентно и кооперативно“ коишто ќе ги исполнуваат безбедносните и правосудни потреби на локалното население. Тие структури, според ЕУ, треба да дејствуваат така што ќе обезбедат функционалност на единствено институционално и административно уредување на Косово.Како и секогаш досега, Кетрин Ештон прво имаше одвоени средби со српскиот и косовскиот премиер, по што започна тројниот состанок.Претходно косовскиот премиер Хашим Тачи имаше разговор со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и со претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.„Конкретни резултати од дијалогот се клучни за напредокот на патот кон Европската унија и за Косово и за Србија, изјави по средбата ван Ромпуј.Следниот чекор за Србија, којашто од март 2012 година има кандидатски статус, е одредување на датум за отпочнување на преговорите, а за Косово е почетокот за Договор за стабилизација и придружување.Европската комисија на 16-ти април ќе го објави извештајот за напредокот на дијалогот, оттаму се очекува дека договорот на двете страни би требало да биде постигнат пред објавувањето на извештајот. Се очекува дека самиот договор нема да биде доволен за зелено светло за двете страни, откако се очекуваат и докази дека договорот се спроведува.Косовскиот премиер Тачи изјави на заедничката прес-конференција со Баросо дека „Косово и Србија не се денеска во Брисел за да се поразат меѓусебно, туку да пронајдат заеднички јазик, договор за да може да напредуваат во евроатлантските интеграции“.
МакфаксСрпскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи го започнаа во вторникот попладне во Брисел петтиот круг разго

Пронајдете не на следниве мрежи: