Поради појава на коронавирусот Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска,Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, кон Македонија, затворени се граничните премини Прохор Пчински и Голеш – Голема Црцорија, објавено е на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.
Граничните премини кои се затворени кон Бугарија се- Мокрање, Стрезимировци и Рибари.
Кон Унгарија и Романија, за патнички сообраќај затворени се премините Растина, Бајмок, Бачки Виногради, Хоргош 2, Кањижа (речниот), Чала, Рабе, Врбица, Кикинда, Наково, Јаша Томиќ, Калуѓерово, Голубац, Долни Милановац, Текија, Кладово и Ѓердап 2.
Кон Црна Гора затворени се премините – Годово, Врбница и Јабука, кон БиХ – Прибој, Царево поле, Мокра Гора, Сремска Рача, Перучац, Мали Зворник-стариот мост и Јамен – скелскиот транспорт.
Кон Хрватска, затворени се премините: Сот, Љуба, Нештин, Богоево, Апатин, Бездан, Нови Сад (речниот) Беркасово и Вајска – скелскиот премин.
Внатрешни гранични премини кои се привремено затворени се во Белград – речниот граничен премин и воздушниот премин на аеродромот Морава (Краљево) и Вршац.
Прочитајте на оваа тема и следново:
Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!
ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.