Србија: Tатко си ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките, уапсена и неговата партнерка

Маж од Крушевац и неговата емотивна партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали макро или принудил некој од нив на проституција, пишуваат српските медиуми.

Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација.

Џенифер Анистон откри која би била нејзината работа доколку не е актерка: За мене е многу забавно да се занимавам
Актерката Џенифер Анистон го негува својот стил уште од серијата „Пријатели“, а со текот на годините се бележат ретки избори каде погрешила во нејзиниот моден избор.Според нејзиното …
Снимка од авионот пред катастрофалниот пад! Вознемирувачки сцени, патници во паника, ужас во Казахстан сумиран во една минута… Следеше смрт (ВИДЕО)
Еден од патниците, кој имал среќа да го преживее падот на патнички авион во Казахстан, ја снимил драматичната ситуација од леталото и и’ го испратил на сопругата …

Полицијата истражува за да утврди дали има елементи за обвинение.

Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.

– Обвинувањата се страшни и се уште не се целосно дефинирани. За работите да бидат уште пострашни, станува збор за ќерките на уапсените. Освен да се провери дали некој од нив е макро, треба да се утврди и дали можеби ги снимал додека наводно биле со мажи и ги дистрибуирал тие снимки. Засега интензивно се истражуваат сите околности за извршување на неколку наводни кривични дела – вели соговорник близок до истрагата.

Како што е познато, постапката е започната кога една од наводно повредените девојчиња и се доверила на мајка си, поранешната сопруга на осомничениот, која целиот случај го пријавила во полиција откако ќерката и кажала што и се случило. Тогаш се огласила ќерката на осомничениот од друг брак, односно полусестрата на жртвата.

Во меѓувреме, полицијата почна да ја проверува автентичноста на сите изјави, се сослушуваат сведоци, а ќе се вршат и дополнителни вештачења, не само психолошко психијатриско, туку ќе се проверуваат мобилните телефони и целата комуникација од социјалните платформи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.