Срдечен пречек имаше, но средба со бугарската православна црква-не

Вчера вечер во Софија папата Франциск претседавал со состанокот на кој присуствувале припадници на различни верски заедници во Бугарија, но не и претставници на бугарската православна црква. На  состанокот присуствувале лидерите на еврејската заедница, на протестантите, муслиманите и на ерменската православна црква.
Бугарската православна црква уште претходно соопшти дека нема да учествува на ниту еден настан на кој ќе биде папата, иако нејзиниот лидер патријархот Неофит го поздрави папата по неговото пристигнување.
Папата Франциск вчера посети и еден бегалски камп во Бугарија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.