Средба на претседателот Пендаровски со бугарскиот претседател Радев

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Софија оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата беше разговарано за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.

Претседателот Пендаровски и претседателот Радев се заложија за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Двајцата претседатели разменија информации околу состојбата со енергетската криза и справувањето со неа. На средбата беа разменети мислења околу можностите за набавка на електрична енергија од Република Бугарија, со почитување на европската регулатива. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.