Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со преставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

На средбата преставниците на здружението го запознаа претседателот Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката.

Претседателот Пендаровски ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.