Средба Османи – Чавушоглу

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на маргините на 77-та сесија на генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со својот хомолог од Турција, Мевљут Чавушоглу.

На средбата се разговараше за актуелната ситуација предизвикана од руската инвазија во Украина, безбедносниот аспект и последиците за европските земји, како и напорите што Северна Македонија и Турција ги преземаат со цел справување со кризата. Поздравен е ангажманот и посредството на Анкара и Обединетите Нации во постигнатиот договор со кој се овозможува извоз на украинското жито до светските пазари, блокирано од самиот почеток на руската агресија.

Посебен осврт беше направен за регионалната соработка и предизвици, како и евро-атлантската перспектива на земјите од регионот и во таа насока, за наредните ангажмани на Северна Македонија во процесот на пристапните преговори и скринингот, кој формално е веќе започнат.

Разменети беа мислења во врска за билатералните односи, политичкиот и економски дијалог, во светло на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи.

Нашето претседавање со ОБСЕ 2023, исто така беше неизоставен дел од разговорите, при што МНР Чавушоглу беше запознаен со приоритетите како и за до сега преземените активности и подготовки кои ги реализиравме во својство на земја член на Тројката на ОБСЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.