Среде бел ден малолетници ограбиле врсник на плоштадот „Македонија“

Во саботата во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.50 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, тројца малолетници физички нападнале друг малолетник од Скопје и со закана му одзеле пари.

„Од страна на пријавителот еден од малолетните напаѓачи бил задржан и предаден на полициски службеници од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: