Средства од концертот „Без зборови“ на Филхармонија ќе се донираат за настраданите од пожарот во Кочани

Филхармонија денеска објави дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе има хуманитарен карактер, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за фондот што ги поддржува настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани.

Македонската филхармонија во овие тешки времиња заедно го споделува тагот со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во несреќата во Кочани. Со ова сакаме да ве известиме дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а приходите од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите во трагичниот настан.

Нека им биде лесен патот, нашите мисли се со нивните семејства, се вели во објавата на фејсбук страницата на Филхармонија. Диригентската палка ќе ја носи Габор Холерунг од Унгарија, додека солист ќе биде Џовани Скарпета од Колумбија на тромбон. На програмата ќе се изведуваат композиции од Барбер, Томаси и Барток.

Пронајдете не на следниве мрежи: