Српската царина завчера при преглед на стока пријавена за царинење, задржале контејнер со повеќе од 19 тони непријавени парфеми, јавија медиумите.
Во извршената контрола е утврдено дека наместо стоката пријавена во увозната документација, во контејнерот всушност имало 50.000 различни парчиња парфеми, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува во соопштението, непријавената стока ќе биде привремено задржана до завршување на постапката пред надлежниот суд.
Царината не открива кој се обидел да ги прошверцува парфемите.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.