Српскиот министер за одбрана за инцидентот со автомобилот на Вучиќ: Ситуацијата не беше воопшто наивна

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ денеска изјави дека инцидентот со автомобилот на српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата на патот за Мокрин е ситуација „која објективно можеше да го загрози животот и здравјето на шефот на државата“, пренесува „Данас.рс“.

„Ситуацијата не беше воопшто наивна и загриженоста за безбедноста на Вучиќ беше оправдана“, рече Гашиќ.

Тој изјави дека Вучиќ е директно обезбеден од врвни професионалци, „исклучителни возачи обучени да реагираат брзо во најсложените ситуации, што беше случај сега“.

Гашиќ изјави дека безбедносните мерки на Вучиќ се секогаш на највисоко ниво и се приспособуваат во зависност од потребите и проценките.

Пронајдете не на следниве мрежи: