Срценца, цветчиња, кругови…Еве што зборуваат за вас формите кои ги цртате сосема несвесно

Повеќето луѓе цртаат на хартија во моментите на досада, целосно механички без да размислуваат за тоа што цртаат.

Иако овие цртежи на прв поглед изгледаат сосема безначајни, тие сепак откриваат многу за нашата потсвест, вели аналитичарот на ракописи, Рут Рострон од британскиот институт за графолози.

Правилни форми
Ова ја симболизира желбата да се контролира, или ситуацијата или луѓето. Тие исто така укажуваат на вашата желба да решите некои проблеми. Ако квадратите се спојат, тие укажуваат на многу ефикасна, способна и аналитичка личност.

Срценца, цветчиња, кругови…Еве што зборуваат за вас формите кои ги цртате сосема несвесно

Куќа
Ја открива потребата за чувство на сигурност и стабилност во домот и семејството. Ако цртежот на куќата е неуреден и на него нема обележани прозорци, тоа може да претставува незадоволство од семејните односи. Ако куќата е на врвот на еден рид, тоа открива чувство на осаменост и изолација.
Заоблените линии најчесто ги цртаат емотивни луѓе кои сакаат стабилност, додека прави линии и квадрати цртаат реалистични и практични луѓе.

Цвеќиња
Ако вашите ливчиња се кружни, меки и големи, тие означуваат пријателски и социјален карактер, како и некој за кого семејството е од голема важност. Во случај центарот на цветот да биде симетричен круг, а неговите ливчиња да бидат изострени, оној што го црта ја привлекува својата ранливост и емоции од општеството со одбранбен став.

Срце
Тоа опишува емоционално пријатна, носталгична и оптимистична личност, која сонува за убава врска или брак.

Ѕвезда
Ѕвездите на цртежите претставуваат амбиции и цели во кариерата што едно лице сака да ги постигне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.