четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ставени под контрола пожарите во близина на Ерусалим

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожарите на ридовите околу Ерусалим се ставени под контрола по повеќе од 24 часа, соопшти денеска противпожарната и спасувачка служба.Во соопштението се вели дека пожарникарите ќе продолжат да гаснат во наредните часови за да спречат понатамошно активирање, јави „Тајмс оф Израел“.Противпожарната служба соопшти дека отворила истрага за причината за пожарот.Властите претходно денеска објавија дека пожарите уништиле околу 5.000 хектари земјиште, од кои околу 3.000 хектари се шума.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека досега се уапсени 18 лица под сомнение дека предизвикале шумски пожари во предградија на Ерусалим.

Поврзани вести