четврток, 12 ноември 2026
Најново

Станиќ: Тренерот зборува едно, играчите прават друго

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голманот на ракометната репрезентација на Србија, Дарко Станиќ, во изјава за „Спортски журнал“, рекол дека, почнувајќи од односите на релација селектор-играчи, многу работи во репрезентацијата не функционираат.

„Да дојде до дисхармонија помеѓу селекторот и играчите, тоа се забележува, да не се лажеме, тренерот зборува едно, играчите прават нешто сосема друго. Многу разговаравме, ги анализиравме деталите и последиците за на крајот на теренот сето тоа да изгледа поинаку. Во секој систем постои хиерархија, одговорност. Еве, јас не бранев добро и ја преземам одговорноста“, рекол Станиќ. На прашањето која е причината за дисхармонијата помеѓу селекторот Веселин Вуковиќ и играчите, голманот на Металург одговорил: „Тоа е комплексен проблем, чудесни решенија нема. Се ова не ми изгледа премногу здраво. но јас нема да се мешам во тоа, тоа не е моја работа, но го прифаќам својот дел од одговорноста. Не можеме стално да минуваме низ исти работи, држиме состаноци, разговараме за исти работи, а не одиме ниту милиметар напред. Јас себеси не се гледам на овој пат, но не велам дека тој не е вистинскиот“, изјавил Станиќ. Србија во квалификацискиот двомеч со Австрија освои само еден бод и на табелата во Групата 7 се наоѓа на третото место, зад Русија и Австрија. Србија и Австрија имаат по пет бодови, а следниот натпревар српските ракометари ќе го одиграат во Русија на 12.јуни. Инаку, српската јавност веќе започна да шпекулира дека селекторот Вуковиќ ќе замине од функцијата, а како негов наследник го споменуваат тренерот на Фленсбург, прославениот шведски репрезентативец со српско потекло, Љубомир Врањеш.
Макфакс
Голманот на ракометната репрезентација на Србија, Дарко Станиќ, во изјава за „Спортски ж

Поврзани вести