Стапката на невработеност во Словенија е најниска од 1990 година (4,5 проценти). Минатиот месец се регистрирани 42.245 невработени лица, што е за 1,9 проценти помалку во споредба со мај, односно 0,4 проценти помалку во споредба со јуни 2024 година.
Невработеноста е намалена во сите словенечки региони, особено во Ново Место, Мурска Собота и Крањ.
Кога станува збор за структурата на невработените, мнозинството сè уште се оние над 50 години и долгорочно невработените, иако и овие две категории невработени се во опаѓање.
Словенија се соочува со сериозен недостиг на работна сила. Во текот на последниот месец беа објавени илјадници слободни работни места. Главно во образованието, на кое му се најпотребни наставници и едукатори.
Исто така, недостасуваат работници во градежништвото, угостителството, здравството и преработувачката индустрија, поради што компаниите се принудени да бараат работници надвор од границите на Словенија, објавува порталот 24ur.
The post Стапката на невработеност во Словенија е најниска од 1990 година appeared first on Во Центар.



