20гр свеж кавасец
500гр брашно
250мл млеко
50мл масло
1 лажиче сол
1/2 лажиче шеќер
фил за премачкување
200-250гр дробено сирење
70гр путер, растопен
За премачкување -1 јаце , семки од сусам, лен, чурек…
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно да се активира.
Потоа во садот ги додаваме солта, маслото и постепено од брашното.
Замесуваме мазно не лепливо тесто.
Го покриваме и нека одмори 15 минути.
Потоа од цело тесто сучиме голема правоаголна кора.
Во еден сад го растопуваме путерот на оган и го додаваме кај дробеното сирење.
Со овој фил, со половина количина ја премачкуваме кората.
Сега ја предиплуваме уште на половина и ја премачкуваме со остатокот од филот.
Преклопуваме уште еднаш.
Сега повторно сучиме голема танка, правоаголна кора, од која сечиме танки ленти, долги по 10 цм, а широки по 1-1,5 цм.
Со раце виткаме како спирали и ги редиме во плех.
Јас ги ставив во 4 плеха, за да не ми се залепат при печењето, вие како сакате, цела количина може да се нареди и во 2 плеха.
Одозгора ги премачкуваме со изматено јајце и наросуваме семки по сопствен вкус.
Печиме околу 15 минути во загреана рерна.
Уживаме во убавиот вкус.